7 серии како „Emily in Paris“ : Ќе ви се допаднат овие приказни за женско пријателство, љубов и кариера
Започна третата сезона на „Emily in Paris“ , па ви откриваме повеќе серии за женското пријателство, љубов, секс, мода и кариера во големите градови
Знаеме дека не бевте големи обожаватели на „Emily in Paris“ откако ја гледавте првата сезона. Сепак, втората сезона остави подобар впечаток, бидејќи конечно успеавме да замижиме пред површната приказна и да уживаме во парискиот гламур, љубовните драми и сета таа (најчесто промашена) мода, меѓу кои имаше и неколку светли моменти.
Иимаме листа најдобри женски серии - и тие се многу подобри од „Емили во Париз“.
Некои од нив се снимени и во Париз, па дури и главните актери се совпаѓаат, но очекувајте подлабоки заплети и приказни кои многу посилно ќе ви се врзат за срцето.
1. „Sweetbitter“
Да бидеме искрени: Емили избегна вистински груб старт во Париз. Не е лесно да се биде нова личност во канцеларијата, а токму тоа го докажува Тес во серијата „Sweetbitter“. Само наместо луксузна маркетиншка агенција, 22-годишната Тес работи во врвен ресторан во Њујорк каде што се случуваат лични драми помеѓу почетните тренинзи.
2. „Valeria“
„Валерија“ е шпанската верзија на „Сексот и градот“, прилагодена на денешната вистинска жена со сите нејзини несигурности, маани и предизвици додека се обидува да постигне сè. Серијата следи група амбициозни жени кои во тандем ги следат своите цели во кариерата и романтичните страсти. Шармантен, лесен и топол, сериозно ќе ве натера да побегнете во Мадрид.
4. „Call My Agent“
„Емили во Париз“ беше критикувана од вистинските парижани за прикажувањето на деловниот живот во Франција. Иако е сатира до самиот крај, „ Call My Agent“ можеби е поблиска апроксимација на париската работна култура. Сместена во агенција за актерски таленти, серијата ги следи животите на четворица агенти додека се справуваат со клиенти со барања и светот на славните.
5 . „Younger“
Креаторот на серијата „Емили во Париз“, ја режираше и оваа серија сместена во њујоршката издавачка сцена. „Younger“ е приказна за жена во 40-тите години која ја менува возраста за да почне од почеток. Врз основа на романот, серијата прашува: како да ги преживеете вашите 20-ти, кога сте постари и помудри?
6. „Hart of Dixie“
Некои од најсмешните моменти во „Емили во Париз“ доаѓаат од конфликтот меѓу Емили и француските обичаи. „Hart of Dixie“ е исто таква комедија - но следи една докторка од Њујорк кој се пресели во мал град во Алабама. Како и Емили, Зои е упорна, со недостатоци и неодолива.
7. „The Bold Type“
Серијата ги следи љубовните, пријателските и деловните авантури на три најдобри пријателки кои работат во женско списание. Иако е далеку од реалноста, брзо ќе се занесете и ќе уживате во оваа топла и возбудлива приказна.
Извор: elle.rs