Серијал книги МЕЛОИ - приказни за еднорозите со крилја

Серијал книги МЕЛОИ - приказни за еднорозите со крилја

Објавена во: После „Школо“ // PR

Серијалот книги МЕЛОИ во издание на ПРОСВЕТНО ДЕЛО, во моментов будат голем интерес кај најмладата читачка публика. Овие изданија кои содржат фантастични илустрации во боја се наменети за деца од 8 до 12 години. Мелои се всушност еднорози со крилја.

Во една далечна галаксија, меѓу познатите ѕвезди сјае планетата Аура, обвиткана со позлатена волшебна светлина. По нејзиното волшебно море пловат четири острови, на кои се формирани четири стари и различни кралства: Кралството на Зимата, Кралството на Пролетта, Кралството на Денот и Кралството на Ноќта. Планетата Аура е населена од еднорози, крилести коњи со коса и наметки во бои.

Кога ќе наполнат четиринаесет години, Мелоите го напуштаат кралството за да го остварат својот сон: да станат дел од „Судбинец“, легендарното училиште на небото на Аура, кое е опколено со море од облаци. Во дворецот на Судбинец младите Мелои учат како да ја зголемат моќта. Но, училиштето кое се наоѓа меѓу ѕвездите истовремено е и место каде што се стекнуваат пријателства, се учи како да се стане храбар и секој си пронаоѓа начин како да порасне.

Главни ликови се еднорозите Клија, Елетра, Маја, Кора и Селена. Тие доѓаат во Судбинец со посебен симбол на нивните крилја и со волшебна моќ која треба да ја откријат. За сите пет пријателки започнува најголемата авантура на сите времиња.

Досега се издадени 4 наслови од овој серијал: СОНОТ СЕ ОСТВАРУВА, ПЕСНАТА НА МЕСЕЧИНАТА, НОЌТА НА ХРАБРОСТА и МАГИЈА НА МРАЗОТОТ.


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: