Суптилни начини како да го наговорите момчето на било што: 7 мали „манипулации“ кои нема да повредат никој

Суптилни начини како да го наговорите момчето на било што: 7 мали „манипулации“ кои нема да повредат никој

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Зошто сама не си помогнеш и дојдеш до она што го сакаш на начин на кој нема да биде повреден никој?

Постојат неколку начини како да го добиеш она што го сакаш од момчето, а детското однесување не е еден кој ќе ти помогне во тоа. Она што ќе ти помогне можеш да го наречеш мало манипулирање или паметен начин за да го добиеш она што го сакаш, но факт е дека некој од овие начини сигурно ќе делува и кај твоето момче.

# Дама во неволја

Момцие сакаат да се чувствуваат корисно и да им помогнат на девојките во неволја или кога имаат некој проблем. Да знае дека тој е оној на кој му се имаш обратено за помош, ќе му го крене егото. Затоа она што го сакаш, претстави го како проблем. Шансите да се согласи веднаш се големи.

# Изненади го со некој сладок гест

Многумина нема да признаат, но момците сакаат изненадувања и сакаат кога девојката ќе направи нешто слатко за нив. Секако, немој тоа да го правиш пред неговите пријатели. Не мора да биде нешто „вау“, дури и да е мала слатка порака која си му ја ставила во џебот е доволно. Ќе го имаш во рака и ќе можеш да му побараш што сакаш.

# Нека мисли дека тоа било негова идеја

Нема подобар начин за да ги наговориш луѓето да се согласат на нешто доколку ги увериш дека тоа е всушност нивна идеја. Ова пали и кај момците. Малку ќе го измамиш, но и тоа е дозволено и никогаш нема да биде повреден и тажен.

# Обрати му се со најслаткиот глас кој го имаш

Слаткиот поглед и мекиот глас се уште пат до тоа да биде по твое. Кога нешто навистина многу сакаш, ова само ќе го засили впечатокот за тоа колку го сакаш нештото и нема да може да те одбие.

# Дај му некој комплимент

Никој не е имун на комплименти. Овде е важно да не се претерува, бидејќи тогаш ќе знае дека смислуваш нешто. Дај му некој мал комплимент поврзан со тоа како изгледа денес или за нешто што направил неодамна. Почекај малку и потоа сосема случајно кажи му го она што сакаш да го добиеш.

# Бакни го 

Тоа ќе направи да ја изгуби рамнотежата и ќе се согласи на било каква глупост и да сакаш. Чувај го ова за некои посебни моменти кога особено знаеш дека нема шанси да се согласи за нешто. По добриот бакнеж, веројатно ќе биде подготвен да направи сѐ, бидејќи ќе се чувствува неверојатно добро и среќно.

# Предложи му компромис (во кој секако дека ти ќе победиш)

Некогаш компромисот е најдобро решение. Договорете се дека и ти ќе направиш нешто за него, ако тој го направи ова за тебе. Тоа дека си подготвена на компромис ќе му покаже колку тоа нешто ти е важно, а доколку се грижи за тебе и те сака, секако дека ќе се солгаси, бидејќи тоа значи дека ти ќе бидеш среќна.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: