
Видео од првото причестување на 7-годишно девојче го гледаа 28 милиони луѓе: Погледнете - свештеникот не знае како да реагира
Бринли, седумгодишно девојче од Јужна Дакота неодамна за прв пат се причестила, а моментот го документираше нејзината мајка, не знаејќи дека тоа што ќе го направи при првото причестување, ќе се раскажува низ цел свет.
На девојчето изгледа му се допаднало црвеното вино, па наместо една голтка, испи малку повеќе.
Моментот го сними нејзината мајка Стефани Хајдебринк и беше споделен на TikTok. Има две верзии на видеото, едно со популарна песна и друго со оригинален звук, а заедно двете видеа имаат повеќе од 28 милиони прегледи.
Како изгледаше симпатичниот момент, кога и свештеникот не знаеше како да реагира - погледнете во видеото: