Во македонскиот Ерусалим: Каролина Гочева со внуките ужива во преубавиот Охрид
Една од нашите најпознати пејачки, Каролина Гочева е една од познатите ѕвезди кои не споделуваат многу често фотографии од себе и семејството на социјалните мрежи. Но, кога го прави тоа, секогаш помеѓу главните ликови на нејзините објави се нејзините внуки.
Тоа е уште еден показател дека омилени личности во животот ѝ се двете внуки Луција и Инес, кои се ќерки на нејзината сестра Сандра Гочева - Јерчиќ. Обично споделува фотографии од домашните дружби, патувања на кои ја придружуваат, а сега не беше ништо поинаку.
Сега, македонското девојче на Инстаграм откри дека по двата успешни концерти во Битола, посветени на музичките ѕвезди Тоше Проески и Аки Рахимовски, решила остатокот од викендот да го помине во друштво на своите најмили. Имено, Каролина откри дека е во Охрид, градот кој многу често го нарекуваат македонскиот Ерусалим, заедно со Луција и Инес.
Не може, а да не се забележи дека двете дами пораснале во девојки, а како изгледаат сега, погледнете во продолжение:
фото: Инстаграм