За неа љубовта е нешто најубаво на светот: Анастасија Ражнатовиќ искрено за периодот по разделбата

За неа љубовта е нешто најубаво на светот: Анастасија Ражнатовиќ искрено за периодот по разделбата

Објавена во: Stars // Музика

Анастасија со сигурност е млада ѕвезда во подем, а сега искоментира помалку познати детали за неодамнешната разделба...

Анастасија Ражнатовиќ не открива многу за својот приватен живот и ја почитува приватноста на своето поранешно момче, Ѓорѓе Куљиќ.

Младата пејачка сега ги искоментира различните шпекулации за крајот на нивната петгодишна врска.

„Навистина мислам дека не останав недокажана, бидејќи сѐ во врска со таа приказна го кажав како што е, иако се очекува дека е многу побомбастично и подраматично. Не патев. Ние сме возрасни луѓе, цивилизирано се разделивме и продолживме понатаму, скеој по својот пат“ - кажа Анастасија за „Story“.

Пејачката нагласи дека поранешното момче не ја разочарало и дека тој е една прекрасна личност.

„Секогаш сум отворена за љубов и за убави чувства. За мене љубовта е нешто најубаво на светот“ - изјави таа.

Анастасија се насочи и на својот прв настап, како и на немилион настан кога поради здравствената состојба беше принудена да го откаже настапот.

„Самостојноста ја имам од мојата 17-та година кога ги заработив првите пари од реклама, а подоцна кампањите се редеа една по друга. Што се однесува до настапите, конечно го работам тоа што го сакам и ги сакам дружењата со публиката. Би сакала сето тоа да не се случеше, но им се случува и на најискусните. Фала му на Бога, добра сум, не беше ништо сериозно, едноставно бев преуморна. Од возбуда и патување цел ден не успеав ништо да јадам, а поркај сето тоа имам и напорни тренинзи и динамичен живот, па сѐ се одрази на моето здравје, за жал во лош момент“ - искрена беше Анастасија.

Таа секогаш напоменува колку и значело тоа што израснала покрај мајка ѝ и тетка ѝ, но исто така потенцира дека татко ѝ секогаш ќе ѝ недостасува, иако со текот на времето научила да го прифати тоа.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: