Има ли шанси поранешниот да ви се врати? Ако се родени во овие 3 хороскопски знаци - тогаш не
За нив крајот е навистина крај.
ЛАВ
Лавовите многу добро знаат што сакаат, а што не. Ако излегле од врска, тогаш шансите да ја сменат одлуката не се многу големи. Тие ја напуштија таа врска со причина и доколку личноста навистина не може да им докаже дека се променила, враќањето назад не е опција. И покрај тоа што раскинувањето ќе биде болно за нив, тие нема да го покажат тоа, па понекогаш изгледа дека навистина веќе воопшто не им е грижа (иако им е). Ако вашиот поранешен/бивш е Лав, треба МНОГУ да се потрудите и да им покажете дека сте станале друга личност од раскинувањето, па имате шанса да промените нешто.
ШКОРПИЈА
Ако повредите некоја Шкорпија или ја изневерите нејзината доверба, заборавете дека таа некогаш ќе ви се врати. Припадниците на овој хороскопски знак нема така лесно да заборават вакви работи и нема ништо што можете да направите за да им го промените мислењето. Штом ќе ве исфрлат од својот живот, тоа е конечна одлука за нив.
ЈАРЕЦ
Она што е во минатото е во минатото и Јарецот повеќе не се замара со тоа. Јарците се многу рационални и размислуваат супер логично. Според нивната логика - ја пробаа врската, не успеа, зошто да се обидуваат повторно? Паузата се случи со причина. Има причини зошто не успеа и тоа е тоа.
Извор: teen385.dnevnik.hr