Како да направите вашата коса да изгледа како да сте излегле од најлуксузниот фризерски салон: 6 совети од познатите фризери ќе ви помогнат во тоа

Како да направите вашата коса да изгледа како да сте излегле од најлуксузниот фризерски салон: 6 совети од познатите фризери ќе ви помогнат во тоа

Објавена во: Мода // Moj стил

Секогаш е подобро да имате пократка коса која е убава и здрава отколку долга коса која личи на метла. Со цел вашата коса секогаш да изгледа убаво, почнете да ги следите овие 6 совети, ќе изгледате како штотуку да сте излегле од најлуксузниот фризерски салон.

1. Редовно кратете ги врвовите

Врвовите се први што кажуваат дали вашата коса е здрава или не. Освен што покажуваат дека вашата коса е нездрава, тие не изгледаат ниту убаво. Редовното сечење на врвовите е задолжително доколку сакате вашата коса да биде здрава и лелеава.

2. Изберете фризура според обликот на вашето лице

Не секоја фризура е за секого. Тоа зависи од обликот на вашето лице, но и од стилот на облекување. Како што ќе барате фармерки кои добро се вклопуваат во обликот на вашето тело, потребна ви е и фризура која ќе одговара на обликот на лицето. Исто е и со бојата на косата. Во зависност од тенот или бојата на очите, некои бои ќе ви одговараат подобро од другите. Секој добар фризер треба да може да ве советува за ова.

3. Хидратацијата е суштинска

Ако вашата коса изгледа сува и дехидрирана, нема фризура која ќе ви помогне. Мора да ја хидрирате косата со помош на серуми, маски, шампони, балсами, масла, какви било производи што ги користите. Кога ќе ги купите, внимавајте да бидат хидратантни. Ова е особено важно за девојките со кадрава коса.


4. Работи на зајакнување на косата

Заедно со хидратацијата, ова е нешто на што треба да обрнете внимание и да го вклучите во вашите рутински производи кои исто така ќе ја зајакнат вашата коса.

5. Секогаш заштитете ја косата од топлината на уредите за обликување

Кога можете да избегнете загревање на косата, избегнувајте го. Рамните пегли и слични уреди, кога се користат секојдневно, се многу лоши за косата. Кога користите такви уреди за стајлинг, дефинитивно треба да нанесете некој заштитен спреј. Заштита на вашата коса од топлина е задолжителна!

6. Ако ја бојадисувате косата, правете го тоа редовно

Бојадисувањето на косата не е евтино и доколку одлучите да започнете, подгответе се за трошоците. Подобро е да останете во природната боја отколку да започнете со бојадисување и потоа да носите израсток што сто со месеци. Растот на коренот ќе направи вашата коса и фризура да изгледаат лошо. Затоа користете боја слична на вашата природна боја на коса, со неа растот ќе биде помалку видлив и ќе издржите подолго без посета на фризер.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: