10 највлијателни шминкери на Инстаграм: Тие стојат зад гламурозните изгледи на светските ѕвезди (ФОТО)
Издвоивме 10 највлијателни шминкери на Инстаграм....
Во текот на годините, многу шминкери собраа голем број следбеници на социјалните мрежи благодарение на своите напредни техники, неверојатни фотографии и клиенти од светот на познатите. Исто така, гледаме и нови алатки и нови методи кои можеме да ги користиме за резултатот од шминкањето да ни биде совршен.
Со оглед на тоа што знаеме дека немате секогаш време за да проверите сѐ што се објавува на вашиот „feed“, одбравме шминкери од светот на познатите кои вреди да ги следите на Инстаграм, бидејќи споделуваат одлични совети и трикови.
Ова е листата од 10 највлијателни шминкери кои вреди да ги следите на Инстаграм:
# Марио Дедивановиќ
Како шминкер на Кардашијанс направи контурирањето да стане вирално. Дедивановиќ мора да го следи секоја девојка која сака да ја совлада техниката на шминкање „smokey eye“.
# Пат Мекграт
Една од најлегендарните шминкерки во високата мода на сите времиња, често го користи својот Инстаграм профил за да понуди целосни прегледи на гламурозните изгледи кои таа и нејзините шминкери ги креираат за познатите личности како Карди Би и Дожа Кет.
# Сер Џон
Џон е шминкер на Бијонсе. Треба ли да кажеме уште нешто? Ви гарантираме дкеа ќе го заследите уште пред да го прочитате крајот на оваа реченица.
# Лиза Елдриџ
Ако веќе не го следите Јутјуб каналот на оваа шминкерка, ви предложуваме да го направите тоа сега. На нејзиниот Инстаграм може да пронајдете содржини кои се однесуваат на шминката, од изгледи на познатите личности како што се Ема Робертс и Дуа Липа, до нејзините ретро козметички откритија.
# Сара Тано
Главната причина за да ја заследите Тано? Ги дава сите информации за убавината на Лејди Гага на црвените килими. Сара е одличен извор на инспирација за врвна шминка.
# Ханг Ванго
Во импресивната листа на клиенти на Ванго се вбројвуаат: Селена Гомез, Џули Гарнер и Џоди Комер... За наша среќа, тој често објавува видеа со упатства на Инстаграм, давајќи им можност на сите да ја рекреираат неговата работа.
# Патрик Та
Меган Фокс, Адријана Лима, Кејти Пери - тој работи со некои од најгламурозните жени на светот и често ги објавува на социјалните мрежи.
# Шарлот Тилбери
Кога ќе почне сезоната на доделување награди, постојано вашиот „feed“ ќе биде освежен од најновите приказни и објави на оваа шминкерка. Легендарната британска шминкерка и претприемачка нуди содржини зад сцената на познатите личности, додека се подготвуваат за црвените килими. Некои од нејзините клиенти од А листата се: Амал Клуни, Пенелопе Круз и Џиџи Хадид.
# Присила Оно
Кога еден од најблиските соработници на Меган Ди Сталион и глобален шминкер за „Fenty Beauty“, Присила на Инстаграм е еден од најдобрите извори на шарени, максималистички шминки. Инспирацијата дефинитивно ја црпи од 90-тите години.
# Нам Во
Таа е неприкосновена кралица на свежите шминки. Во е шминкер за секој кој преферира рутина на шминкање, која е фокусирана на негата на кожата. Следете ја за да откриете како таа с епдоложува на завидни третмани за нега на кожата и видете како им дава #NamVoGlow на познатите како Рози Хантингтон и Кајли Џенер.
фото: Принтскрин / Инстаграм