10 навики кои ги имаат девојките со стил
Имаш проблем кога ќе станеш наутро и не знаеш што да облечеш за на училиште. Се мислиш која комбинација да ја направиш и токму заради тоа постојано доцниш. А згора нa сè мислиш и дека стилот на облекување не ти баш најдобар. Тоа е знак дека треба да промениш некои навики.
Ова се најчести навики кои ги имаат девојките со добар стил:
1. Избери ја твојата облека од вечер. За да бидеш сигурна дека изгледаш добро, подготви ја облеката за наредниот ден, вечерта пред да си легнеш. Ова ќе ти заштеди многу време наутро. Ако си ја одбрала новата купена облека, ќе имаш можност да видиш како се комбинира со остатокот од облеката што ја имаш.
2. Дај си време за да се подготвиш. Има малку луѓе кои можат да се пофалат дека добро се подготвуваат за брзо време. Повеќето од луѓето имаат потреба од дополнително време, за да ги усогласат деталите. Ова важи како за облека, така и за шминката и фризурата. Одвој време за да размислиш што ќе облечеш, па доколку е потребно, најди време за промена.
3. Барај инспирација. Следи ги модните трендови без да се опседнуваш со нив. Барај инспирација. Добра опција во последно време се модните блогери кои се здобиваат со популарност.
4. Облекувај се според времето. Помисли си на оние девојки кои носат кратки летни здолништа при силен студ во зима? Едно од најважните стилски правила е твојата облека да биде соодветна за времето. Најчестата грешка кај многу девојки е што сакаат да носат летни алишта, посебно кога е студено. Разголувањето не е секогаш стилски.
5. Облечи се според приликата. Определи каде одиш пред да ја избереш облеката. Хеланките и скинатите фармерки не се сегогаш најдобриот избор, за на училиште или за не некоја посвечена манифестација.
6. Избери соодветни додатоци. Размисли дали додатоците - торба, накит, шалови, очила... одговараат на она што си го одбрала. Со додатоците секогаш треба да бидеш внимателна и да не претеруваш.
7. Биди внимателна со чевлите. Исто како и изборот на додатоци и чевлите се важен избор, а најважно е да одиш добро со нив. Без разлика колку мудро да ја комбинирш твојата облека со додатоците, со „забавеното“ одење на високи попетици кои не се удобни или премногу се високи, може само да го расипеш целокупниот впечаток.
8. Не ги следи слепо модните трендови. Модните трендови се важни и ја покажуваат динамиката на модниот свет. Но, не треба слепо да им се верува. Сепак, модерните, на пример, фармерки, можеби не се погодни за твојата фигура. Ова важи за апсолутно секаков вид облека.
9. Скриј ги недостатоците, потенцирај ги предностите. Особено додека твоето тело се развива треба да научиш како да ги сокриеш недостаоците. Треба да бидеш свесна дека не секоја девојка е топ модел. Сите имаат свои недостатоци затоа тука е облеката да ти помогне да ги прикриеш.
10. Изгради свој стил. Со текот на времето, секоја девојка може да го изгради својот личен моден стил, да остане во чекор со модните трендови, но не и целосно да зависи од нив. Стилот лежи во единственоста и креативноста.