11 - годишниот светски првак во современ танц на прием кај претседателот Стево

11 - годишниот светски првак во современ танц на прием кај претседателот Стево

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски се запозна со 11 - годишниот светски шампион во современ танц, Анди Исмаили.

На приемот кај претседателот, талентираниот Анди го раскажал своето искуство од учеството во Светското првенство што во декември минатата година се одржа во Оса, Полска.

Претседателот Пендаровски на својот официјален Фејсбук профил сподели видео и фотографии од средбата, а покрај истите напиша:

„Средбата со талентираниот Анди уште еднаш ме потсети дека од најмладите можеме многу да научиме. Неговата мотивираност и дисциплина за само 2 години, од почетник го направија светски шампион по модерен танц на меѓународното првенство во Полска, во декември минатата година. Овој вид на танцување не е традиција во неговото семејство. Но сепак Анди, како што вели и самиот, е решен да собира уште награди на домашни и меѓународни натпревари. Од мене има целосна поддршка за нови успеси.“


Можеби ќе ве интересира: