12 мали изуми кои го променија светот
Сте помислиле ли некогаш на оние мали изуми кои секојдневно ги употребуваме без да забележиме колку се важни во нашиот живот? Токму тие ни го прават животот полесен.
Часовник – без него веројатно постојано би доцнеле и би биле изгубени во времето. Се смета дека е еден од постарите изуми и е во употреба од 14 век.
Шајки – да не биле измислени шајките веројатно денес не би постоела цивилизацијата. Овој изум е постар од Римското царство.
Кибрит – потекнува од 19 век, и колку и да изгледа ретро, денес на светско ниво се продаваат над 500 милијарди кибрити.
Конци – сѐ што носиме на себе е направено од конци, веројатно да не биле измислени конците сега ќе сме немале што да облечеме. :)
Игли – тие се стари речиси колку и човекот. На почетокот биле изработувани од коски и дрво, па од железо и алуминиум.
Чепкалки за уши – На почеток биле направени од чепкалки за заби на кои бил намотан памук. Изгледот сличен на денешниот го добиле во 1920 година.
Патент - измизлен е во 1893 г. и без него повеќето панталони не би биле она што се.
Хартиени марамчиња – сте се запрашале ли колку пати во денот користите салфети или хартиени марамчиња? Во САД се употребуваат од 1940 г. , а во Европа пристигнале 20 години подоцна.
Безопасна игла – За да му се оддолжи на својот другар на кој му должел 15 долари, Валтер Хант, свиткал жица и му ја дал. Потоа овој изум го патентирал и му го подарил на светот.
Фластер – При секоја мала повреда прво нешто на што помислувате е токму фластерот кој е измислен 1920 година.
Сијалици – овие мали изуми ни овозможуваат да функционираме ноќе. Томас Едисон се смета за првиот творец кој го измислил целокупниот светлосен систем.
Чевли – се смета дека се највредното откритие на човештвото.