1200 посетители блокираа улица во Скопје, за да ги видат креациите и ликовните дела на средношколците од уметничкото училиште
Петок, 09.06.2023 беше датум за паметење кој ќе влезе во историјата на скопското уметничко училиште. Рекорден број од 1200 посетители не само што го преплавија училиштето, туку и ја блокираа улицата Киро Крстевски-Платник во општина центар, каде што се наоѓа средно уметничко. Поводот беше нивната gодишна завршна изложба и модна ревија, настан кој привлече не само горди родители и ученици, туку и поширок круг на љубители на ликовната уметност, но и постари и етаблирани ликовни имиња. На црвениот тепих продефилираа 15 креации на учениците од текстилниот оддел, раководени од проф. Елена Вангелвска и со својата уникатност ги воодушевија присутните. Училиштето во својата галерија и во сите свои отворени ателјеа беше претесно за да ја прими реката од посетители. Настанот изобилуваше со видлива манифестација на среќа и другарство, нешто што ретко се гледа во последно време.
"Живееме во тешко, ненормално време. Време на разни Стании, Карлеуши, Северини.Но. тоа не се нашите јунаци. Нашите јунаци се овие деца. И овие професори. Затоа што останаа нормални. Останаа доследни и посветени. И тие ќе бидат најголемите амбасадори на Македонија" - ни изјави директорот Димитар Филиповски.
Настанот беше збогатен со настап на Охридскиот THE BACKDOR BAND, чија што музика ги задржа посетителите до полноќ.
(С.А.Н)