14 совети како да добиете совршено „селфи“ кое ќе добие многу лајкови!
„Селфи“ манијата никако да престане, а секој од нас сака да направи совршено „селфи“ кое ќе собере еден куп лајкови. Во продолжение прочитајте ги 14 – те совети како да си направите одлично „селфи“.
# Кога не сте сигурни какво селфи да направите, доволно е само да се насмеете. Научно е докажано дека луѓето кога се смеат се поубави.
# Природното светло е клучно. Сончевата светлина ја нагласува вашата убавина и природниот сјај.
# Избегнувајте јако светло, бидејќи сенките ќе го уништат вашето „селфи“. Свртете го грбот на сонцето, наместо да гледате во него.
# Доколку пат правите „селфи“ внатре, не заборавајте го блицот. Користете ја предната камера за подобар ефект.
# „Селфито“ во огледало може да биде добра идеја, а особено ако имате сладок „аутфит“ кој вреди да се покаже.
# Доколку и понатаму се сомневате, искористете некој од бројните филтри и додатоци како што се „зајачките уши“. Лајковите се загарантирани.
# Сепак, потрудете се да не ја уништите фотографијата со многубројни филтри и ефекти. Малку контраст и сенка е сосем доволно за „селфито“ да изгледа одлично.
# Црно – белата фотографија секогаш е добра идеја.
# Вие најдобро си го знаете лицето. Испробајте неколку пози и агли и изберете го оној агол кој ви се допаѓа најмногу.
# Правете „селфи“ наутро, тогаш лицето ви е најсвежо и најчисто.
# Во целата приказна „вклучете“ ја манекенката во себе.
# Покрај аголот на лицето, многу е важна и позицијата на камерата. Не треба да биде преблизу, а ни предалеку. Исто така, не се фотографирајте од доле, туку од горе, за лицето да ви биде во преден план.
# Доколку се фотографирате во огледало, средете си ја собата пред тоа. Немојте да доволите бесплатна „реклама“ на вашиот хаос.
# Кога ќе одбере филтер кој најмногу ви се допаѓа, немојте да го менувате.