20 типови луѓе што ги среќаваме на Фејсбук
Неколку ликови кои
се појавуваат на Фејсбук и поради кои бегаме на Инстаграм…
Шпионот – никогаш не постира ништо ниту, пак, коментира на постовите на другите, но затоа чита и знае сѐ.
Насмеаните – никогаш не коментираат нешто конкретно, постојано ставаат стикери со LOL, LMAO или ROFL.
Популарните – имаат 4932 пријатели без никаква особена причина.
Играчите – со години се „навлечени“ на Candy Crush Saga, ова е сосем доволно да се каже за нив.
Родителите – постојано следат сѐ, секој таг и секој чекор – затоа бегаме на Инстаграм.
Тетките – секогаш знаат да напишат коментар од кој се срамиме – и заради нив бегаме на Инстаграм.
Крадците – крадат статуси и тоа најчесто од Твитер за да се направат паметни.
Циниците- тие мразат сѐ, постојано наоѓаат маани, а сатусите им се најчесто цинични и иронични.
Промоторите – постојано праќаат покани да кликнете like или follow на некоја страница, а вие потполно ги игнорирате.
Лајкерите – никогаш не постираат ништо, ама кликаат like на секоја објава.
Другарките – нивните коментари „топ си кисче“ одамна преминаа во стикери со милион срциња што бодат очи.
Хејтерите – секој статус го доживуваат како да се однесува на нив и прават сѐ за да возвратат на најлош можен начин.
Споделувачите – ѕидот постојано им и исполенет со наградни игри и споделуваат секакви фотки од патики и тренрки до тенџериња и книги.
Јазичарите – тие се оние што ги пораваат туѓите статуси и правописни грешки.
Оптимистите – неуморно се трудат да бидат смешни, но не им успева.
Петлите – се тие што посакуваат добро утро, среќен понеделник и за секој месец од годината постираат по една песна.
Политичарите – упатени се во сите политички случувања и нивните стауси секогаш се однесуваат на тоа.
Нашетаните – постојано некаде се чекираат и објавуваат фотки буквално каде и да одат.
Гладните – пред да јадат мора да ја фотнат и да ја споделат чинијата со храна и пијачката.
Веселите – едно излегување 123 сториња, live видеа, фотки...