24-годишната ѕвезда од хит серијата „Ривердејл“ осудена на доживотен затвор: Призна дека ја убил мајка си додека таа свирела пијано
фото:IMDb / Ryan Grantham
Актерот Рајан Грантам од популарната телевизиска серија „Ривердејл“, е осуден на доживотен затвор откако призна дека пред две години ја убил мајка си.
Поранешниот детски актер, сега 24-годишно момче, беше познат по неговата улога во популарната тинејџерска серија „Ривердејл“, како и по појавувањето во емисии како Supernatural и iZombie. Тој, исто така, глумеше во филмот „Дневникот на едно мачно дете“.
Судењето на канадскиот актер, кој ја застрелал мајка си во глава, започна на почетокот на годинава, а судот тогаш откри дека тој планирал да го убие и премиерот на Канада, Џастин Трудо.
Откако се изјасни за виновен, Грантам беше обвинет за убиство од втор степен за убиството на мајка му Барбара Вејт.
За време на неговата пресуда која се случи оваа недела, судијката на Врховниот суд Кетлин Кер му одреди доживотен затвор на Грантам без можност за условно ослободување во првите 14 години од неговата казна. По пресудата, неговиот адвокат Крис Џонсон рече: „Мислам дека беше најниската можна казна што можевме да ја очекуваме со оглед на околностите“.
Претходно во судската постапка, грозоморните детали за убиството открија дека Грантам го осмислувал злосторството во деновите пред тоа. Се вели дека тој го наполнил и испразнил пиштолот неколку пати тој ден претходно (во март 2020 година) кога ѝ пришол позади грб на 64-годишната мајка со оружјето, додека таа свирела на пијано во нивниот дом во Сквамиш.
Обвинителката Михаела Донели рече: „Тој го ставил пиштолот на задниот дел од нејзината глава, ги затворил очите и го повлекол чкрапалото“.
Неговата сестра Лиза, која го пронашла телото на нејзината мајка, пред судот кажала за разорниот ефект што го имал злосторството. Таа изјавила: „Како да верувам некому кога мојот единствен брат реши да ја погуби мајка ми кога моментално му го сврте грбот?
Ден по убиството, детето ТВ ѕвезда наводно го наполнило автомобилот со пиштоли, муниција и Молотос коктели, како и со материјали за кампување и мапа со насоки до резиденцијата на канадскиот премиер Трудо со умисла и него да го убие.
Грентам ги откри своите планови да го убие Трудо во изјава до властите, како и во неговиот дневник, чии делови беа прочитани на суд. Каде вели дека се предомислил за планот.