3 чекори како да им покажеш на останатите дека не се во право
Дали некогаш сте се почувствувале како никој да не ве разбира, како што и да направите родителите и наставниците никогаш да не се задоволни од вас? Сите ви негодуваат нешто и не ве оставаат на мир? Знаеме како ви е. За жал некогаш доаѓаат и такви периоди, ама ние ви нудиме 3 совети како да ги пребродите.
#1 Не се расправајте
Никој не вели дека тие се во право, а вие грешите. Меѓутоа во таква тензична ситуација не е добро само да додавате сол на рана. Подобро премолчете, не повишувајте го тонот и бидете рамнодушни ако сепак дојде до караница. Обидете се да им покажете дека грешат, но со вашите постапки, а не со зборови. Повлечете се од караницата и размислете посталожено, можеби има некој корисен совет кој може да го извлечете од цела таа ситуација.
#2 Докажете им дека не се во правоРодителите ве прекоруваат за тројката по историја? Загрејте го столчето уште повеќе и искористете ја следната прилика да ја поправите оценката. Наставникот мисли дека вашиот одговор по македонски не може да се оцени повисоко од четворка? Следниот пат подгответе се малку подобро и сами кренете рака. Може да побарате некои дополнителни информации, кои ги нема во учебникот и така да го импресионирате наставникот.
#3 Само опуштете се и чекајте да помине
Рокнете ја „Вдиши“ до максимум и не се замарајте. Можеби ова
е само тензичен период за вашите родители, па вие само сте се нашле на средина. Или
пак вие сте заглавени во некој лош период а вашите родители не разбираат дека
треба да ве остават на мира. Во секој случај, знајте дека што и да е ќе помине.