3 навики со кои ја оштетуваш косата
Честопати, расположението го истураме врз нашата коса. Од нервоза и стрес, ја вртиме низ прстите, играме со врвовите, ја стегаме пресилно ...
Всушност, ние не размислуваме дека со нашето „немислење“ можеме да ја оштетиме косата - и тоа трајно. Затоа еве три совети - што не треба да ѝ правиш на косата во ниту еден случај!
1. Тргни ги прстите од косата!
Најчесто го правиме тоа затоа што сме нервозни: ја виткаме косата околу нашиот показалец - и тоа многупати. Сепак, оваа навика е штетна за нашата коса - нашите раце често не се чисти и ние ги пренесуваме нечистотиите на косата. И ова предизвикува губење на косата.
2. Пуштете ја косата!
Коњското опавче е стил кој остава впечаток кај другите. Меѓутоа, ако ја врзуваш косата секој ден, тоа може да предизвика губење на косата - исто така и ако правиш плетенка. Со постојано повлекување и тежината што косата треба да ја носи, фоликулите на косата се оштетуваат и со тоа се спречува растот на нови влакна.
3. Шишањето е добро!
За здрава и убава коса најважна е негата и редовното шишање. Маските и шампоните може само да помогнат околу зацврстувањето на косата, но од испуканите врвови ќе те ослободат само ножиците.