3 вида на кошули кои секое момче треба да ги има во плакарот!
Ако, порано тинејџерите ги полнеле плакарите со дуксери,
тренерки и обични маички денес е поинаку. Имено,
момците денес се средуваат повеќе и од девојчињата.
Но, има и од оние кои не се „замараат“ многу со ова, а сепак сакаат да изгледаат „кул“. Затоа момци ќе ви дадеме еден мал совет. Секој од вас во својот плакар треба да ги има следниве 3 вида кошули, кои би можел да ги облече за каква било прилика, било тоа да е прослава, „дејт“,или обичен ден на училиште.
# Карирана кошула: симпатијата го прифати „дејтот“, облечи карирана кошула и во исто време ќе бидеш и дотеран, но и ненападен.
# Тексас кошула: се двоумиш што да носиш на училиште, а да изгледш „кул“, маичка во боја и ваква кошула е идеалното решение.
# Бела - класична кошула: те поканиле на свадба или пак матурска прослава, ова е идеалното решение и секако најлесно за комбинирање.