48 часа и 8 модни комбинации за паметење: Џиџи Хадид во Њујорк приреди моден перформанс по вкусот на секоја жена (ФОТО)
Без оглед на тоа дали преферирате лежерен, елегантен или стил од високата мода, во овој моден колаж на американската манекенка Џиџи Хадид, сигурно ќе најдете нешто што ќе ве инспирира...
Џиџи Хадид, една од најуспешните манекенки на денешницата, ќе учествува во втората сезона на реалити програмата на Нетфликс „Next in Fashion“, интересен натпревар на дизајнери од целиот свет.
Дека си ја има сериозно сфатено работата, говори и фактот што со денови е посветена на промоцијата на овој проект и оди од емисија во емисија, за да ги повика обожавателите да ја гледаат.
По тој повод, Џиџи имаше неколку возбудливи денови, а последните два дена од февруари имаше и повеќе појавувања, поради што папараците ја фотографираа во дури 8 многу интересни модни изданија за само 48 часа.
Најпрво, во утринската програма се појави во „Good Morning America“ се појави во сив комплет од волна, кој го сочинуваат краток џемпер на кратки ракави и молив здолниште со длабок отвор, кој го придржуваат три ефективни панделки. На сето тоа додаде елегантки сатенски високи потпетици во боја.
Од таму, Џиџи продолжи во емисијата „TODAY with Hoda & Jenna“, каде реши да се појави во камел модна варијанта, а во овој неутрален сет изгледаше многу отмено.
Џиџи потоа е видена во „edgy“ комбинација составена од тесен комбинезон со ролка и кожена бомбер јакна, а на сето тоа додаде и ултрагламурозен накит во вид на дијамантски чокор и висечки обетки.
Кога тргнала на сетот снимање кај познатиот Џими Фалон, Џиџи решила да ѝ биде удобно на патот до снимањето, па се појави во необични фармерки со широки ногавици, кратка бела маица и бели чизми на високи потпетици.
Манекенката потоа пордолжи на специјалната проекција на шоуто „Next in Fashion“, каде се појави во несекојдневен и асиметричен бел фустан со црвен принт, кој изгледаше спекталурно во комбинација со црвените чевли.
По напорниот ден, Џиџи утредента најпрво се појави во кремово предимензионирано сако кое го носеше како фустан, ролка и бели чорапи, а на сето тоа додаде и бели „мери џејн“ чевли и чанта.
Потоа беше видена во удобен „омбре“ фустан кој со дизајнот и дезенот потсетува на стилот од 70-тите.
Потоа, следуваше уште една посета на Џими Фалон, овој пат поради снимањето на емисија, кога одбра кожен „couture“ комплет во темнозелена боја.
фото: Принтскрин / Инстаграм