5 митови за менструацијата за кои можеби и не сте знаеле дека постојат!
Со менструацијата се поврзани многу митови кои произлегуваат од неедукативноста. Еве кои се најчести:
# За време на циклусот сите девојки се претвораат во емоционално нестабилни чудовишта
Ова е еден од најлошите митови! Која девојка не се соочила со прашањето: „Дали сум во ПМС“ кога е малку понервозна? Менструалниот тајминг е секогаш чувствителен, поради промената на хормоните во телото, но тоа само значи дека ќе те налутат работи кои веќе одамна ти пречат и кои ги чуваш некаде длабоко во себе. ПМС не е време кога девојките без причина се претвораат во чудовишта кои само плачат, викаат и јадат чоколадо. За секоја кавга или нервозен испад секогаш постои добра причина.
# Може ли ставањето на тампон да го оштети хименот и да доведе до губење на невиноста?
Не, ставањето на тампон не е ни близу до губење на невиноста! Некои девојки се плашат да стават тампон, бидејќи се плашат дека на тој начин ќе го оштетат хименот. Пукањето на хименот може да се случи на разни начини, а освен тоа на секоја девојка хименот и е малку оштетен уште во времето кога прв пат добива менструација. Невиноста ја губиш првиот пат кога ќе имаш односи со момчето, без оглед на тоа дали хименот ти е здрав или не.
# Водата го запира циклусот
Некои девојки веруваат дека водата може да го запре циклусот. Секоја девојка која пробува да оди на базен без тампон или едноставно да влезе во када, може да се увери во спротивното. Тоа едноставно не е вистина.
# Не можеш да мокриш додека имаш тампон
Голем број жени и девојки се уште веруваат дека мократ низ вагината, па поради тоа не може да го направат тоа додека имаат тампон. Тоа не е вистина! Урината поминува низ мочниот канал кој не е дел од внатрешноста на вагината, па поради тоа тампонот не може да спречи да мокриш додека го носиш.
# Не смееш да ја миеш косата, ниту да се тушираш додека имаш менстрација
Дали некогаш си го слушнала овој совет? Непознато е од каде и зошто е настанат, но факт е дека постои и денес во 21 век. Не постои никаква лоша последица од миењето коса, па поради тоа навистина е чудно зошто многу возрасни денес веруваат во ваквите будалаштини. Можете ли да замислите да не се истуширате или да не ја измиете косата за целото време додека ви трае циклусот?
Извор: teen358.com