5 модни совети што ги дава секоја мајка

5 модни совети што ги дава секоја мајка

Објавена во: Moj стил, Семејство

Колку и да мислиме дека во сѐ се разбираме и знаеме најдобро, дека нашите мајки се старомодни и често знаат како да разбудат нервоза со нивните коментари и совети, веруваме дека сте биле во многу ситуации каде сепак, мама беше во право за многу работи.

Тоа сигурно е така и во модата. Подолу, потсетуваме на неколку безвременски модни совети кои веројатно секојдневно ги слушате, но сепак е убаво да се потсетите на нив. 

1. Покриеното е секогаш попривлечно!

„Дете, не оди голо!", не секогаш се однесува на голите бубрези и стомаци, туку и на самиот факт дека не мора да се открие сè од себе (во секоја смисла на зборот). Мистиката секогаш е на цена, а мајките тоа најдобро го знаат.

2. Дотерај се и за до продавница!

Колку пати сте го игнорирале овој совет : „Какво малтретирање, кога продавницата е на само два чекори од дома?" Како и да е, колку пати на овие „два чекори" сте се сратнале со симпатијата или уште полошо, некој што никогаш не би сакале да ве види во лошо издание?

3. Купувај квалитетни работи!

Купувај работи кои ќе можеш да ги носиш во повеќе комбинации и кои се од материјал што му годи на твеото тело.

4. Што ти е гајле како се облекуваат другите!

Ти си своја и она што си ти, така и треба да се облекуваш. Не мора слепо да ги следиш сите трендови.

5. Дотерај се и за по дома!

Зошто да не?



Објавена во: Moj стил, Семејство

Можеби ќе ве интересира: