5 модни трендови кои ни ги носи 2019 – тата!
Доколку си вљубена во модните трендови и едвај чекаш да дознаеш што ќе се носи во годината што е пред нас, време е да го дознаеш одговорот на тоа прашања!
Порталот Glamour ни носи листа модни трендови кои ни ги најавија светските модни дизајнери за 2019 година.
# Големи шешири – иако досега популарни беа мали шешири и капи, се чини дека оваа година следува поинаков тренд. Иако „оверсајз“ шеширите се карактеристични за летните месеци, постојат и супер есенско – зимски примероци.
# Широки кратки шорцеви – доколку минатото лето го помина во популарните „жешки“ шорцеви, ова лето би требало да ги замениш со шорцеви со подолг и поширок крој.
# Неонски бои – овој е еден од трендовите кој Кардашјан ги донесоа минатата сезона, а се чини дека ќе бидат еднакво популарни и ова лето.
# Луди балетанки – за нешто поелегантни комбинации, наместо високи потпетици одберете малку поинакви балетанки од веќе претпознатливите.
# „Широки рамена“ – овој тренд ќе биде многу добро познат на твојата мајка или баба, но се чини дека и оваа сезона ќе се врати во модатата.