5 начини како да ги оствариш своите цели

5 начини како да ги оствариш своите цели

Објавена во: Совети // School zone

Се прашуваш ли некогаш зошто некому сѐ му оди од рака, а тебе не? Секогаш кога посакуваш да достигнеш некоја цел, некој е подобар од тебе. Често се прашуваш како може другите да имаат повеќе среќа од тебе? Или можеби веруваш дека не си доволно добар да постигнеш успех.

Сите оние за кои мислиш дека се поуспешни од тебе, на пример оние кои покрај себе го имаат најубавото момче или најзгодната девојка, оние кои наставниците ги обожаваат, редат петки во дневникот, постојано се некаде излезени, убаво и пристојно облечени... За нив сигурно мислиш дека поседуваат сто и една особина подобра од тебе. Се лажеш!!! Тие поседуваат само едно нешто кое тебе ти недостига!

Која е нивна тајна...

Доколку еднаш ја откриеш, знај дека си го открил и клучот на успехот. Оваа тајна не можам во целост да ти ја откријам, но можам полека но сигурно да те доведам до реализација на твојата цел.

Веднаш замисли си ја твојата најголема желба!!! Онаа најневозможна, за која мислиш дека им се отварува само на оние „најсреќните“. Запамети го моментот кој ќе ти го смени животот. Твоите мисли нека почнат да патуваат онаму каде ќе визуелизираш сите твои желби!!! Разгледај ги добро, од сите страни погледни ги сите твои желби од најмали до најголеми. Тие се твои! И те чекаат тебе... Сѐ што треба да направиш е да ги ПОВИКАШ!!! Си слушнал ли досега за моќта на привлечноста?

Еве како функционира...Како се одвива тоа привлекување? Преку твојата СВЕСНОСТ и користењето на твојата ИМАГИНАЦИЈА. Помисли на себе, и на она што му е потребно на светот. Согледај ги твоите потреби и замисли како тие потреби се остваруваат. Доволно е да ги насочиш твоите мисли кон конечниот резултат и да замислиш исполнување на твојата потреба. Тогаш веќе ја ПОВИКУВАШ РЕАЛНОСТА! Откако ќе ја повикаш и ќе ја почувствуваш, ќе веруваш и ќе ја прифатиш! Во тој куп има неограничен број на идеи кои чекаат да ги откриеш и да ги привлечеш! Најпрво побарај ги длабоко во себе, размисли добро, размислувај почесто и извади ги сите тие идеи на свесно ниво и тогаш ПОВИКАЈ ГИ!

1. Дефинирај ја целта

Многу од вас целите ги држат само во глава. Тоа е и најголемиот проблем во остварување на истите. Запиши ја целта, запиши што гледаш околу неа, што слушаш, што треба да направиш... Запишувањето ќе ја направи целта реална и конкретна.

2. Постави ја целта

Ако целта ти е да добиеш 5 по математика – одреди колку задачи треба да решиш за да го повториш материјалот. Најдобро е целта да ја следиш на дневно ниво. Одреди точно и датум до кога треба да ги решиш задачите.

3. Целта не смее да биде површна

Кога целта многу ти значи ќе направиш сѐ за да ја исполниш. Затоа секој ден запрашај се што сакаш да направиш и што ќе ти донесе исполнувањето на таа цел.

4.  Направи план

Една цел најлесно се исполнува со добар план. Затоа направи си план на месечно ниво за остварување на она што го посакуваш.

5.  Создади навики

Навиките за навремено пишување домашни или навремено учење на лекциите се клучни во остварување на целите особено на оние поврзани со успехот.

Откако ќе ја совладаш оваа „техника“ на привлекување, сето она што го споменав погоре (сите успеси на оние „среќните“), ќе бидат и твои! Дури ќе се изненадиш колку многу нови и нови успеси ќе доживуваш со совладување на оваа техника. Секоја желба ќе стане реалност. Среќно! :)

Сања Варсаќевска, училиштен педагог


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: