5 најпопуларни трендови кои ова лето ќе ги гледаш насекаде!
Без оглед на тоа дали сакаш само еден тренд или истовремено комбинираш неколку трендови во својот дневен аутфит, ти издвојуваме 5 хит трендови кои ги преплавија продавниците за облека.
# Овошен коктел - лимони, банани, цреши, портокали... Принтовите инспирирани од овоштарникот на баба се неверојатно примамливи во топлите летни денови. За да ги ублажиш вибрациите на овие слатки производи, може да ги искомбинираш со кожни додатоци или практични рамни сандали. Овој принт може да го носиш и низ градските улици или практични рамни сандали.
# Неизбежниот животински принт - животинскиот принт и понатаму не излегува од мода, а сега се пресели и на летните парчиња. Покрај неизбежниот леопардест принт, моментално е популарен и змискиот и зебра принтот. Обично тие се носи само еден принт, но нема да погрешиш доколку искомбинираш два принта.
# Хавајскиот дух во твојот плакар - доколку и ова лето немаш резервирано патување на егзотичните Хаваи, не грижи се - тие доаѓаат кај тебе. И тоа во облик на егзотична кошула, комбинезон и фустан во пропски дезен. Овие дезени се идеални за на плажа.
# Романтични цветови на нежни подлоги - овие се потполна спротивност од ексцентричните примери. Овие нежни пастелни бои и романтични цветови се створени за мирните летни ноќи и прошетки низ градот.
# Шаренило како хипи - вистинската мала уметност на маичките, фустаните, кошулите може да ја добието со едноставно врзување на чвор. На местото каде што ќе го врзете бојата нема да продре и ќе добиеш кул ефект.