5 најздодевни фотки на Инстаграм

5 најздодевни фотки на Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Скокање во височина со расфрлани есенски лисја, раце во форма на срце, новите патики во преден план...  Ако не знаеш за што се работи, веројатно немаш профил на Инстаграм или забораваш да го отвориш често. Ова се дефинитивно 5-те најзодевни фотки што се појавуваат на Инстаграм.

Нозе и нови патики

Ова е тотално „АУТ“. Фоткањето на новите патики веројатно значи: „Видете што си купив“, а нозете на улица покажуваат дека навистина си на местото каде се чекираш. Која е потребата за фоткање, на нозете, чорапите и патиките?

Храна

Дали навистина секое јадење треба да биде овековечено? Ако ги прашате корисниците на Инстаграм, одговорот е дефинитивно ДА. Штом храната пристигне на маса, веднаш се палат камерите, се бара совршениот агол и идеалниот филтер. Совет: Повеќе јади - помалку фоткај!

Селфи со стапови

Верувале или не ама и порано луѓето се фоткале и тоа без употреба на селфи-стаповите. Љубезно ги замолувале случајните минувачи да им излезат во пресрет. Но, времињата се сменија. Овие реквизити демнат од секоја тезга, а фотките со нив не само што се здодевни туку се и чудни.

Срце

Ако имаш направено срце со рацете, особено на место со прекрасно зајдисонце, лајковите ти се загарантирани. Но, опседнат со фотографирање, најчесто го пропушташ моментот на уживање.

„Од високо“

Кога ли веќе ќе здодеат фотките „од високо“  на кои се прикажани сите ситници распоредени на масата, како книга, кафе, десерт или книги со пенкало и глобус. 


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: