5 совети за бруцошите: Грешки кои најчесто се случуваат во прва година на факултет и како да ги избегнеш
Не е крај на светот, доколку ти се случат и тебе, но зошто да не ги избегнеш ако можеш?
Завршувањето на средното образование и запишувањето на факултет е возбудлив период во твојот живот и една голема промена. Иако продолжуваш со школувањето, средното училиште и факултетот не се ни приближно слични. Па, за да бидеш подобар и поуспешен, избегни ги следните замки на кои поголемиот број бруцоши паѓаат.
# Прва грешка: Забораваш од друштвото од родниот град и се дружиш само со новите луѓе од факултет
Голем дел од студентите не одат на факултет во истиот град во кој живееле. Со промена на градот доаѓаат многу новости, некои се добри, некои помалку добри, но една од поодличните е дека ќе запознаеш нови и интересни луѓе. Ќе склопиш многу пријателства, а одржувањето на новите и старите пријателства од родниот град може да ти изгледаат како многу работа и си мислиш дека нема да можеш да постигнеш. Поради тоа многу бруцоши ги запоставуваат односите со пријателите од средно и сите останати пријатели и се фокусираат на новото друштво. Тоа е една од грешките која можеш да ја направиш, а не би требало. Секој може да се износи со ова, но не смееш да заборавиш и да ги прекинеш сите пријателства и односи од порано. Вклучувајќи го и своето семејството, кога ќе заминеш на сите ќе им недостасуваш, затоа понекогаш давај си одмор и отпатувај дома за да ги видиш старите другари.
# Втора грешка: Наместо факултетот, приоритет ти се дружењето и забавите
Распоредувањето на времето за факултетот и социјалниот живот е уште еден предизвик пред кој ќе се најдеш. Прашањето „да останам дома и да учам или да заминам на студентска забава?“ е едно од оние пред кои секако ќе се најдеш. Кој е вистинскиот одговор, зависи од ситуацијата, но твојот одговор во 99% од случаите сигурно ќе биде - забава. Не сакаш ништо да пропуштиш, сакаш да се забавуваш и да го искористиш овој период од животот што е можно подобро. Тоа сосема разбирливо, но немој да заборавиш дека факултетот треба да ти биде главниот фокус. Кога си во гужва поради некој рок, без разлика дали станува збор за испит и предавање на семинарски труд, подобро остани дома и заврши ја обврската. За дружење има време, секако откако ќе ги завршиш сите обврски поврзани со факултетот. Игнорирањето на факултетот ќе ти се наплати во форма на насоберени испити, ниски оценки, а може да дојде и до губење на можноста за понатамошно студирање.
# Трета грешка: Учиш на истиот начин како во средно
Учењето во средно и учењето на факултет се како ден и ноќ. Во средно треба редовно да бидеш подготвен за тестовите и испрашувањата, бидејќи доколку не си, следува лоша оценка, а потоа и проблеми со поправање на истата, нарушување на просекот... На факултет изгледа како да е малку поедноставно, бидејќи испитните рокови се дури на крајот на семестарот, а и доколку не положиш на првиот, секогаш ќе имаш втор, трет, четвртти, па дури и петти испитен рок. Немој поради тоа да се опушташ. Во средно ти било потребно помалку учење, бидејќи имаше помалку литература, а бидејќи се учи константно полесно оди. На факултет ќе добиеш неколку книги, скрипти кои можеби се добри или не и нема да успееш за неколку дена да го научиш материјалот и да добиеш добра оценка, некогаш дури ни пролазна. Подготви ги маркерите, листовите, пенкалата и започни да учиш на време. Ќе бидеш благодарен/благодарна кога за лето нема да ти останат испити и ќе можеш да уживаш, додека другите се мачат и учат.
# Четврта грешка: Ги прескокнуваш утринските предавања, бидејќи не ти се станува
Сите предавања на кои одиш нема да бидат задолжителни, а ти ќе имаш можност неколку пати да отсуствуваш. Грешката која можеш да ја направиш е веднаш да одлучиш да ги искористиш сите на почетокот. Наутро нема да ти се станува, па со задоволство ќе продолжиш да спиеп, иако имаш 3 изостаноци. Погрешно! Немој да го правиш тоа! Чувај ги изостаноците ,оди на предавање дури и ако не треба. Секогаш ќе ти биде полесно да научиш за испит, професорите ќе те запаметат, а ќе бидеш среќен што ќе можеш кога ќе падне снег да останеш дома, бидејќи изостаноци досега си немал. Иако имаш опција да изостануваш, чувај ја црни денови, мрзеливоста не е доволно добра причина за да не заменеш на предавање.
# Петта грешка: Не го доживуваш факултетот премногу сериозно
Грешката која всушност ги обединува сите погоренаведени грешки е дека не го сфаќаш сериозно факултетот. Поради сите воодушевува кои те очекуваат кога ќе започне овој нов период во твојот живот, ќе мислиш дека факултетот е пропратен, но многу кои не го сфаќаат доволно сериозно, во одреден момент ја зезнуваат ситуацијата и се губат во просторот и времето, па се откажуваат од факултетот или го губат правото да студираат. Изгледа како невозможно и дека нема да ти се случи на тебе, но сите се рамноправни кандидати за ваквата судбина. Постави си граници, напиши си ги целите, прави дневни планови за обврски... сфати го факултетот сериозно и искористи го она што ти го нуди - предавања на гости, излети, пракса, учество во работилници... Сето тоа ќе ти помогне да научиш повеќе, да напедуваш и подоцна да најдеш подобра работа.