5 знаци дека ви треба одмор!
Се чувствувате како воопшто да немате време? Имате многу активности, а домашните задачи само се собираат секојдневно? Како капак на сето ова немате доволно време за спиење? Ако ги препознавате овие 5 „симптоми“ кај вас, тоа е знак дека мора да го успорите темпото на секојдневието.
#1 Често заборавате работи
Може да се работи за ситница како на пример каде сте го оставиле телефонот, (иако ви е во рака), но може да станува збор и да заборавите дека вечер сте на роденден. Во секој случај, ова е знак дека треба малку да ги фокусирате мислите и да го намалите стресот.
#2 Сакате да се излежувате по секоја цена
Немате енергија за ништо, цело време сте уморни и ве болат сите мускули на телото. Не сте излегле со друштвото којзнае од кога, во последно време се дружите само со книгата. Уште еден знак дека ви е потребен одмор.
#3 Стомакот цело време ви испушта звуци како да ќе се изеде сам
Пореметена ви е исхраната, стресот и уморот прават да не сте гладни, или пак ве боли стомак од што и да каснете. Стомакот прв реагира на стресот и заморот, затоа дајте си време и одморете.
#4 Секој ден се будите со главоболка
Секоја болка е непожелна, ама ако ве боли глава, буквално не можете да функционирате. Чувствувате огромен притисок заради училиштето, што мислите дека главата ќе ви експлодира.
#5 Колку и да сте уморни, не можете да заспиете
Секоја вечер ви се потребни саат-два пред конечно да склопите око, а тоа е комбинација од хроничен умор и постојан стрес. Од ден на ден сте сѐ поуморни, а дремката едноставно не сака да ве дружи.