7 начини да им покажеш на браќата и сестрите дека ги сакаш!
Да се има брат или сестра не е мала работа, дури и тогаш кога тотално ти одат на нерви и посакуваш да си едно дете во семејството. Колку и да имаш најдобри другари и другарки браќата и сестрите се секогаш над нив. Тие најдобро чуваат тајни, со нив секогаш можеш да споделиш сè што те мачи, да се забавуваш, да се расправаш, да излегуваш...
Сакаш што повеќе да се зближиш со твојот брат или со сестра ти и да им покажеш дека ти значат? Еве како може да успееш во тоа:
#Објави некоја фотка за нив на Инстаграм или Фејсбук
Дај им до знаење колку ти значат само со една објава на некојa ваша фотографија од детството или песна што ве потсетува на тој период.
#Направи колаж од стари фотки
Сигурно низ дома ти се моткаат безброј стари албуми со фотографии од детството. Земи неколку фотки и направи колаж што може да им подариш.
#Одвои време за нив
Ако повеќе не се дружите како кога бевте деца, време е да одредите еден ден од неделата кој ќе биде само ваш. Може да одите некаде на кафе, на шопинг или едноставно да „дремете“ дома.
#Радувај се за нивните успеси
Јасно е дека понекогаш може да почувствуваш љубомора бидејќи брат ти подобар ученик од тебе или сестра ти е пополурана. Но, за да им покажеш дека ги сакаш, секогаш мора да се гордееш со нивните успеси.
#Направи изненадување
Сигурно постои барем една работа што тие ја скаат, но поради некоја причина не може да си ја дозволат. Помогни им да го добијат тоа што го посакуваат и направи им пријатно изненадување.
#Понуди им помош
Најдобро можеш некому да му докажеш дека го сакаш со тоа што ќе му понудиш помош. Твоја задача е да бидеш до твојот брaт или до твојата сестра без оглед на тоа дали им требаш или не.
#Доволна е една прегратка
Ако видиш дека имаат тежок ден не треба да направиш ништо повеќе од тоа да ги прегрнеш и се разбира да им кажеш: ТЕ САКАМ И ТУКА СУМ ЗА ТЕБЕ.