7 најголеми ѕвезди од Евровизија до денес: Благодарение на ова музичко натпреварување станаа светски познати (ФОТО)

7 најголеми ѕвезди од Евровизија до денес: Благодарение на ова музичко натпреварување станаа светски познати (ФОТО)

Објавена во: Stars // Музика

Евровизија им помогна да ја лансираат кариерата малку пошироко...

За овие пејачки и пејачи пред Евровизија луѓето од остатокот на Европа и светот не знаеја, а по настапот на ова натпреварување, тоа се промени. Некои од нив беа победници, некои не, но сега сите знаат за нив.

Некои изведувачи победуваат на Евровизија, но по две недели никој не се сеќава на нив. Ниту како се викале, ниту како им звучела песната. Со сите овие музичари тоа не беше случај. Тие дојдоа на Евровизија, ја претставија својата држава - некои победија, некои не, но денес луѓето ги знаат. Успеаја да се издвојат и Евровизија им помогна да станат уште попознати во цела Европа, а некои и во светот. За некои од овие музичари можеби не ни знаеш дека станале познати дури по учеството на Евровизија.

# Манескин 

На Евровизија 2021 година, победија Манескин и тоа им донесе популарност за каква најверојатно не ни сонувале. Поради победата одеднаш целиот свет слушна за нив, а девојките полудеа по Дамиано. Денес се мега популарни, многу повеќе од тоа што беа пред Евровизија.


# Кончита Вурст

Кончита ја претставуваше Австрија во 2014 година и победи, но и остана запаметена како „жената со брада“. Вурст стана LGBTQ+ икона и стана препознатлива ширум светот. Иако музичката кариера не му процвета во таа мера како на Манескин, стана познат на поинаков начин.


# Селин Дион

Знаеше ли дека Селин Дион, една од најголемите музички ѕвезди на денешницата, всушност настапувала на Евровизија претставувајќи ја Швајцарија како апсолутно непозната пејачката? Победила и кариерата ѝ тргнала во нагорна линија и тоа со неверојатна брзина.


# t.A.T.u.

Руското дуо кое во 2000-тите години ги шокираше сите. Девојките се бакнаа во уста на евровизиската сцена, а тоа тогаш беше прилично контроверзен момент. Одеднаш сите зборуваа за нив и станаа супер популарни. Денес повеќе не постојат како дуо.


# АББА

Шведскиот бенд АББА најверојатно е најпознатиот натпреварувач на Евровизија. Ниту тие не беа познати пред настапот на ова натпреварување. Победата им помогна да станат светски познати.


# Лорди

Чудовишта! Од метал бендот кој победи на Евровизија во 2006 година некои беа воодушевени, други згрозени, но сите знаеја и зборуваа за нив. Беа интересни, бидејќи за нив никој не знаеше како изгледаат, бидејќи секогаш ги имаа своите маски и костими на себе. Воедно, тоа беше првпат метал бенд да победи на Евровизија. Апсолутно неочекувано.


# Лорен

Уште една голема ѕвезда од Евровизија која доаѓа од Шведска е Лорен. Нејзината песна „Euphoria“ стана позната во целиот свет. Песната стана поуспешна дури и од евровизискиот хит на АББА „Waterloo“.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: