7 „правила“ за неверојатна есен

7 „правила“ за неверојатна есен

Објавена во: Совети // School zone

Есента и не ти баш едно од омилените годишни времиња... Следи ги овие 7 „правила“ и ќе имаш забавна и неверојатна есен.

1. Смеј се! Дури и тогаш кога те чека писмена по математика и еден тон домашни задачи...

2. Одмори се! Кусиот попладневен одмор ќе ти помогне да ги „наполниш батериите“ и со поголема концентрација да ги завршиш домашните задачи.

3. Легни си порано! Тешко дека ќе можеш внимателно да следиш на часовите ако дремеш на Инстаграм до доцна во ноќта.

4. Верувај во себеси! Колку и некоја лекција да изгледа тешко верувај во себе - ти можеш да ја научиш!

5. Дружи се! Повикај го друштвото и одете на прошетка, чистиот воздух ќе ви годи.

6. Дотерај се! Секој се чувствува подобро кога е убаво облечен. Направи некоја комбинација со која ќе ги воодушевиш сите.

7. Опушти се ! Надвор врне – излези без чадор и како кога беше дете шлапај во вирчињата, тоа веднаш ќе ти го подобри расположението.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: