9 производи што ги користиш, а се штетни за твојата кожа!
Многу девојки сакаат сами во кујната да направат природни маски и пилинзи за лице. Постојат милион рецепти на Интернет за кои не знаеш дали одговараат на твоjата кожа и кои состојки од неа се опасни и можат да доведат до нејзина иритација.
Ова е списокот на состојкитe кои не треба да ги користиш и нанесуваш на твоето лице:
1. Сода бикарбона
Содата бикадбона предизвикува лупење на кожата. Ph врадноста на кожата е 4,5 - 5,7 додека на содата бикарбона е 9, што е премногу и со честото нејзино користење кожата ја губи својата влажност.
2. Паста за заби
Не ставај паста за заби на акните. Таа не помага бидејќи содржи пеперминт, пероксид, вештачки вкусови и алкохол и предизвикува печење.
3. Врела вода
Врелата вода ја суши кожата, ја оштетува нејзината природна бариера, а штетна е и за луѓето кои имаат егземи и псоријаза. Таа доведува и до ширење на акните кај оние со проблематичка кожа.
4. Пероксид
Пероксидот е природен антисептик лечи гребаници и рани, меѓутоа на кожата предизвикува иритација и црврнило и со честото користење го оштетува заштитниот слој на кожата.
5. Шеќер и сол
Шеќерот и солта ги симнуваат мртвите ткива од кожата. Ако измешаш кокосово масло со кафеав шеќер добиваш совршен пилинг, но оваа мешавина е прегруба за твоето лице и може да ја оштети нежната кожа.
6. Креми за раце
Кожата на рацете е исто нежна како и на лицето. Ако крем за раце користиш за лицето може да се затворат порите и да се предизвика воспаление на лицето или алергија.
7.Алкохол
Од алкохолот кожата може да го изгуби заштитниот слој, а со тоа и заштитата од бактерии.
8. Лимон
Често користиш лимон за да се ослободиш од темните флеки, пигментацијата или акните. Меѓутоа лимонотима обратен ефект од содата бикарбона. Ph врадноста на лимонот е 2–3 и ја иритира кожата особено ако се излижувате на сонце, а може да дојде и до изгореници.
9. Цимет
На Интернет ќе видите дека циметот е корисен за кожата особено за отстранување на темните флеки.Тоа не е точно тој прдизвикува пецкање, осип и сува кожа. Дерматолозите предупредуваат дека премногу користење на цимет може да предизвика штета на лицето.