Чај за секој случај!

Чај за секој случај!

Објавена во: Совети // Вежбаме

Иако сите пиеме чај само кога нè боли грло или кога сме настинати, факт е дека треба да се пие чај многу почесто до тоа. Не само затоа што е зима и тоа е најлесен начин да се стоплиме, туку и затоа што многу чаеви помагаат при решавање на разни болки.


# Чај од нане (мента)

Чајот од нане е најдобро природно решение доколку ве боли стомак. Го смирува стомакот и вие се чувствувате подобро уште следниот час. Исто така, ако здивот малку ви мириса, овој чај помага при тоа. Има логика, бидејќи 90% од сите пасти за заби се всушност врз база на ментол.

# Чај од камилица

Овој чај е совршен за смирување. Ако веќе почнува да ве боли глава од премногу учење, направете мала пауза и напијте се еден чај од камилица. Чајот, во комбинација со пауза од пола саат се решението да се освежите и да сте повторно полни со концентрација. Ако тешко заспивате навечер, напијте се чаша чај од камилица пола саат пред легнување.

# Чај од јаболко и цимет

На тема лековити чаеви, сите замислуваме некои грди тревкасти чаеви, но чајот од јаболко и цимет не е таков, а сепак има лековити својства. Овој чај е толку вкусен што комотно може да го пиете за ручек наместо газирани сокови. Но, освен што е вкусен, им помага на девоjкиte со полицистични јајници - го регулира нивото на шеќер во крвта и го намалува холестеролот.

# Зелен чај

Карактеристиките на зелениот чај се дека го забрзува метаболизмот и со тоа побрзо согоруваат калориите во нашето тело, затоа овој чај е идеален доколку сакате да ослабите некој килограм. Доволни ви се две чаши зелен чај дневно и надуеноста веднаш ќе се намали. Исто така, овој чај помага при превенција од Паркинсонова и Алцхајмерова болест.


Кике Цветче

Објавена во: Совети // Вежбаме

Можеби ќе ве интересира: