Актерот на црвениот килим дојде со синот: Сите ги гледаа зачудено (ФОТО)

Актерот на црвениот килим дојде со синот: Сите ги гледаа зачудено (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Поголемиот број познати ѕвезди со голема гордост ги поддржуваат своите деца кои се борат со родов идентитет...

Поранешната актерска двојка Лиев Шрајбер и Ноами Вотс во бракот добија два сина Александар и Семјуел Кај. По 11 години заеднички живот се разделија на 26 септември 2016 година. Иако повеќе не се заедно, подеднакво се ангажирани во растењето на децата.

Лиев Шрајбер заедно со Семјуел Кај се појави на премиерата на новата сезона на хитот на Нетфликс, „Stranger Things“. Ѕвездата на серијата „Ray Donovan“ и неговиот син привлекоа големо внимание кај присутните. Имено, Самјуел се појави облечен како девојче.

фото: Profimedia

Наоми и Лиев не кријат дека нивниот син уште одамна се одлучил да се облекува како девојче, а тие го поддржуваат неговиот избор.

Слична приказна, дека девојчиња се заробени во тела на момчиња, имаат и децата на Меган Фокс.

Да потсетиме, Шајло Пит Џоли долго се претставуваше како Џон, додека од минатата година почна да ја прикажува својата женска страна и повеќе не ја споменува половата ориентација.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: