Актерот од култната серија „Алф“ пронајден мртов во автомобил: Со него загиналo и неговото куче

Актерот од култната серија „Алф“ пронајден мртов во автомобил: Со него загиналo и неговото куче

Објавена во: Stars // Филм

Поранешната детска ѕвезда Бенџи Грегори, најпознат по улогата во серијата „Алф“, почина на 46-годишна возраст.

Сестрата на Бенџи, Ребека, потврдила за ТМЗ дека телото на нејзиниот брат било пронајдено во автомобил на паркинг во Аризона пред околу еден месец на 13 јуни. Таа исто така додаде дека Бенџи се борел со депресија, биполарно растројство и несоница и дека останувал буден со денови.



Неговите блиски пријатели се сомневаат дека тој заспал во автомобилот и починал од топлотен удар, бидејќи тие денови во Аризона биле околу 42 степени Целзиусови. Се уште се истражува точната причина за смртта на актерот, а со него во автомобилот е пронајдено и неговото куче Ханс, кое исто така почина.



Бенџи Грегори го играше момчето Брајан Танер во култната серија „Алф“ од 1986 до 1990 година; по што продолжил да се занимава со глума, но не остварил некоја позначајна улога. Актерството го напуштил во 2003 година, кога решил да се приклучи на морнарицата, а потоа дипломирал на Академијата за уметности во Сан Франциско.

Многу обожаватели се збогуваат со Бенџи на социјалните мрежи.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: