„All black everything“ модни комбинации во режија на младите пејачка: Која ќе ја искористите како идна инспирација? (ФОТО)

„All black everything“ модни комбинации во режија на младите пејачка: Која ќе ја искористите како идна инспирација? (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

All black everything во режија на младите пејачки...

Не за џабе познавачите на мода велат дека кога не знаеш што да облечеш одлучи се за црна варијатна, бидејќи ретко кој може да погреши со тој избор. Но, оваа теорија не мора да значи дека е точна, зошто често се случува да се погреши и во оваа ситуација.

Дали по ова се водат и да младите македонски пејачки или пак едноставно црната им е омилена боја не знаеме. Често можеме да ги видиме во црни модни комбинации, а мора да признаеме дека со последните направија вистински бум на социјалните мрежи.

Доколку и вие сте љубител на црните модни комбинации, а сакате да не изгледате здодевно и да се издвоите од масата, инспирајте се од модните комбинации на младите пејачки. 

# Мартија Станојковиќ

Мартија важи за една од главните трендсетерки. Тинејџерките често ги копираат нејзините модни комбинации, а кога е во прашање црната боја, таа реши да внесе малку сексапил во својот изглед.

# Лара Иванова

Младата пејачка покажа малку поелегатна црна комбинација. Лара искомбинира црн костим и црн кроп топ од тантела, и покажа една друга страна од себе.

# Теа Трајковска

Оваа пејачка во Париз прошета една интересна комбинација составена од црно мини здолниште на карнери и кратко сако во истата боја, кои совршено се вклопија со нејзината боја на коса. 

Р.Х.

фото: Принтскрин / Инстаграм


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: