Ана имала 100 килограми: За шест месеци се преполовила, ваква промена не сте виделе во скоро време
Ана денес им е инспирација на сите дами кои се борат со вишокот килограми...
Ана Науленд од мали нозе се борела со вишокот килограми, што ѝ ја нарушило самодовербата, но таа борба воедно ѝ скратила многу задоволства. Сега е инспирација за многумина, бидејќи со голема посветеност и труд успеала потполно да го трансформира своето тело.
„Бев дебела уште од раѓање. Секогаш јадев здраво и вежбав колку што можев повеќе. На крајот мајка ми ме однесе на тестирање на крвта и открија дека нивото на хормоните не ми е избалансирано. Докторот кажа: „Не сакам да ѝ давам лекови, некако мора да ослабне“. Секогаш се сомневав дека нешто не е во ред, бидејќи не ги симнував килограмите, што и да правев“ - вака ја започна својата исповед на ТикТок оваа млада девојка.
Потоа одлучила да ги земе работите во свои раце. Во тој момент имала 100 килограми. Посетила нутриционист, дознала сѐ што ја интересирало за диетите и започнала.
„Првите две недели беа критични бидејќи не можев да јадам ништо по 9 часот навечер, а тоа тешко ми паѓаше. Се сеќавам дека пиев литри лимонада само за да го убијам гладот и гледав видеа на Јутјуб како се растегнува топениот кашкавал и се замислував дека го јадам“.
Но, и пред сите овие напори истакнува дека во моментите на слабост се држела добро, бидејќи имала зацртана цел.
„Издржав, бидејќи имав јасна цел која ме мотивираше. Мојата цел беше желбата да имам здрава килажа и тоа ми беше најважно. Во секој момент кога се чувствував дека ми се јаде нешто, кога ги гледав видеата со храна во 3 наутро, бидејќи бев гладна, еден дел од мене знаеше дека тоа ќе го издржам и дека го можам тоа. Постојано се бодрев себе и си зборував дека ќе го издржам ова, бидејќи знам која ми беше крајната цел. Мислам дека никој не може да нѐ мотивира повеќе од самите себе“.
По шест месеци Ана ослабнала 30 килограми и сега има 70.
„Сега повеќе немам проблеми со килажата и мислам дека тоа е повеќе ментална отколку физичка работа. За овие шест месеци ништо не се промени, освен ставот во мојата глава. И понатаму ги имам истите пријатели, истиот покрив над главата“ - заклучи таа и додаде дека кога мотивацијата за слабеење е во прашање, постојат две опции:
„Првата опција е да се запрашате самите себе „дали ова можам да го решам“, ако можете тогаш зошто се нервирате? А другата, ако не можете, зошто повторно се нервирате, бидејќи не можете да го промените тоа. Да се седи во место и да се биде тажен, како што јас бев целото мое детство не е решение, всушност тоа ме доведе до тоа да дојдам до свои 20 години и да бидам незадоволна. Ако нешто ви пречи, променете го тоа!“
Ана, исто така ја откри својата диета:
„Ја корегирав исхраната и дневно јадев 1.500 калории. Ги исфрлив брзата храна, тестото, соковите, благото, соленото, мрсната и препржена храна. Имам 3 оброци на ден, без ужинки помеѓу нив. На почетокот беше многу тешко. Многу одрекувања пред сѐ. Наутро јадев јајца, пилешки гради, интегрален леб, овесни снегулки... За ручек месо и зеленчук во сите комбинации, а навечер туна или младо сирење со многу салата, а некогаш и остатокот од ручекот. Дури по еден месец почнав со тренинзите и резултатите дојдоа.“
фото: Принтскрин / Инстаграм