Анастасија Ражнатовиќ си купи стан во „Белград на вода“: Искеширала најмалку 300.000 евра за 100 метри квадратни
Станот е во почетна фаза на изградба, а вселувањето може да го планира за две, три години...
Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ последните две три години само ги реди успесите, а сега откри и дека договорила стан во најлуксузната населба во Белград.
Иако има само 24 години, младата пејачка си купи стан од 100 метри квадратни во „Белград на вода“, за што зборува во најновата епизода од шоуто „Цеца и деца“.
Станот е во почетна фаза на изградба, а вселувањето може да го планира за две, три години.
„Потпишав договор за стан, можеме да наздравиме. За две и пол години ќе можам да се вселам, станот е во изградба, ќе биде готов за две до три години“ - им се пофали Анастасија на своите пријатели.
Што се однесува до уредувањето на ентериерот, тоа ќе им го препушти на Цеца и на тетка ѝ Лидија Оцокољиќ.
„Не размислувам како ќе изгледа, кога е ентериерот во прашање мислам дека мојот вкус ќе се менува со текот на времето. Не се разбирам многу за тоа, повеќе знам да кажам што ми е убаво, а што не. Мама и тета се занимаваат и сакаат тоа, мислам дека на нив ќе им го препуштам тоа, бидејќи тие го знаат мојот вкус. Она што им се допаѓа на нив, ми се допаѓа и на мене“ - раскажа пејачката.
фото: Принтскрин / Инстаграм