Ања Ветерова: Сонот за „Беркли“ ми стана реалност!

Ања Ветерова: Сонот за „Беркли“ ми стана реалност!

Објавена во: Stars // Интервјуа

Ања Ветерова е девојката која буквално порасна на сцена. Веројатно сите ја помните по детскиот хит „Ео Ео” и по нејзиниот настап на Детската евровизија но и по хитовите „Ми доаѓа да вриснам“ и  „Рам бам бам“.  Таа ексклузивно за Hastag.mk раскажува каков е животот надвор од дома, колку соништата ѝ се иполнија со студирањето на „Беркли“ и кои се најважните работи во нејзиниот живот.

# Во неколку наврати ја имаш раскажано приказната за коа како успеа да добиеш стипендија на еден од најпрестижните универзитети за музика - „Беркли“ и дека тоа било еден од твоите соништа. Сега кога си таму, дали сонот стана реалност?

Приказната за моите студии на „Беркли“  веќе неколкупати ја имам раскажано. Летото 2016  г. по летниот камп на „Беркли“ во Валенсија знаев дека таму сакам да продолжам да студирам и да го остварам мојот сон. Сонот за „Беркли“  ми се оствари. Тука сум опкружена со луѓе на кои музиката им и сè, луѓе кои ме разбираат, од кои учам и со кои вежбам, творам и создавам нова музика.

# Веќе неколку месеци живееш во Бостон, па каков е животот надвор од дома?

Морам да кажам дека првите 2 недели од преселбата имав голема помош од мајка ми, но кога таа се врати дома почувствував носталгија по мојот дом. Тоа траеше сè додека  не создадов свој круг на пријатели, бидејќи само јас сум од Македонија, на другите студенти им е полесно дружењето. Азијците се дружат меѓу себе, Американците се знаат или се од иста гимназија, Латиноамериканците многу се поддржуваат. Но, веќе имам добар круг на пријатели со кои секојдневно музицирам или се дружам. Инаку Бостон е многу убав град , архитектурата потсетува на Европа па и тоа допринесува да се чувствувам поблиску до мојот континент - до мојата земја.

# Ќе има ли наскоро нешто ново тебе на музички план?

Во овој период сум насочена кон академските обврски сакам да се покажам во добро светло. Сакам да постигнам и покажам добар успех. Полека сакам да се пронаоѓам тука и да почнам да создавам нови песни. На моите обожаватели во Македонија пред да заминам за Бостон им подарив песната  „Ми доаѓа да вриснам“.

# Со оглед на тоа дека си една од ретките што имаат можност да студираат на некој од престижните универзитети, како ја гледаш својата музичка кариера по завршување на студиите?

Живеам во моментот и не сум личност која ја планира иднината. Единствено на што се надевам е дека ќе имам успешна кариера исполнета со многу хитови и концерти. Многу сонувам, а моите сонови стануваат реалност.

#Кој е твојот музички идол ?

Идол ми е Бијонсе. Жена, мајка, уметник, хуманист, феминист...успешна во секое поле. Би сакала еден ден да имам успешна кариера како нејзината.

Си замислила ли некогаш да се занимаваш со нешто друго освен со музика?

Уште од мала знаев дека сакам да ја работам оваа професија и никогаш досега не сум помислила за друга професија, ниту пак сум се двоумела дали да продолжам да се занимавам со музика. Тоа е нешто што најмногу ме исполнува и ме прави среќна. Не би можела да се замислам себеси во друга професија.

# По толку успеси имаш ли некој совет за тинејџерите кои сега почнуваат да се занимаваат со музика?

Секогаш да веруваат во себе, да не се откажуваат од своите соништа, бидејќи соновите се остваруваат. Многу да учат, работат и да ги слушаат советите од родителите затоа што тие им мислат најдобро. 


Објавена во: Stars // Интервјуа

Можеби ќе ве интересира: