Антониа наполни 22 години и објави дека е бремена: Партнерот е долгогодишен пријател на Иван (ФОТО)
Младата пејачка Анатониа Гиговска, откако есенва по четири години ја прекина врската со нејзиниот колега Иван Јованов, денеска објави дека е бремена.
Имено Антониа денеска го слави својот 22-ри роденден во Копаоник заедно со нејзниот партнер, музичарот Роберт Спасенцовски.
Воедно таа доби и веренички прстен, а со своите обожаватели ги сподели убавите вести:
- Долго време молчевме, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас. Малечко мое. Од сега секој мој роденден ќе си го славиме заедно. Нека ми е среќен роденденот и погодете кој ќе стане мајка. Прстенот го бирал САМ. Умирам од среќа... си славам роденден, бепче, прстен, се - напиша Антониа под низата фотографии на кои позира со трудничкото стомаче, а воедно и ги праша своите обожаватели што мислат дали ќе биде машко или женско.
Инаку Роберт познат под прекарот Џокер, е дел од нејзниот бенд, и сме ги виделе на доста заеднички видеа на социјалните мрежи.
Покрај тоа тој е и долгогодишен пријател и со поранешното момче на Антониа, Иван, судејќи по нивните заеднички фотографии и видеа.
[img src="https://zenskimagazin.mk/media/inline/2023/01/Screenshot-2023-01-21-140712.png">
Претходно за Женски магазин, Антониа раскажа за крајот на љубовта со Иван, но и за тоа дека со пејачот на „Либеро бенд“ е во одлични односи и дека од него научила да сака.
Во септември пак додека сè уште живееше со Иван, на прашањето дали размислува за брак или семејство, рече „не“:
- Моментално сум посветена на музиката, тоа не ми бега, сите нас не чека тоа порано или подоцна.
Очигледно во меѓувреме работите се промениле. Честитки!