Аријана Гранде е жена на годината според „Билборд“
Дваесет и пет
годишната пејачка вчера беше прогласена за жена на годината. Со оваа престижна
награда ја одликуваше американското музичко списание „Билборд“.
Со оглед на тоа дека на пејачката ова ѝ беше една од најуспешните години во кариерата наградата е навистина заслужена.
Покрај огромниот успех со нејзиниот албум Sweetner, Ари постојано контакрита со своите фанови преку социјалните мрежи и за неа медиумите согласно констатираат дека е пример за младите генерации.
Пејачка својата награда ќе ја подигне на 6 декември во Њујорк, на 13. церемонија Жени во музиката во организација на „Билборд“.
Фото: Billboard