Атина покажа во каков луксуз уживаат таа и Ника: Душко Тошиќ не штедеше за своите наследнички
Секоја соба има тераса со поглед кон базен...
Фудбалерот Душко Тошиќ ги однесе ќерките Атина и Ника на патување во Турција, поточно во Бодрум, каде уплати најлуксузно хотелско сместување, а преубавиот поглед вреди неверојатна сума на пари.
Имено, постарата наследничка на Душко, Атина го покажа неверојатниот поглед од хотелот во кој престојуваат.
Покрај морето, тие уживаат во базенот во рамки на терасата, која ја има во секоја соба, додека покрај луксузниот хотел, уживаат во прекрасната природа и синото море.
Најевтината соба за него и девојчињата, за 10 дена чини 10.773 евра, додека има и поскапи, а погледот кој го покажа Атина, дефинитивно вреди за оваа цена.
Кога неговите деловни обврски дозволуваат, Тошиќ поминува време со своите наследнички и ги носи на патувања за паметење, па не е изненадувачки фактот што тие престојуваат на оваа локација, каде најскапата соба чини неверојатни 17.795 евра за десетдневен престој.
Кралски соби, тераси со џакузи, девет ресторани со тематика, базени на сите катови на хотелот што се наоѓаат во рамките на терасите, исто како што покажа и Атина, спа-центар, се само некои од погодностите на хотелот во кој престојува семејството Тошиќ.