Балканот го освои со улогата на малата Зоне Замфирова: Како изгледа денес познатата актерка?

Балканот го освои со улогата на малата Зоне Замфирова: Како изгледа денес познатата актерка?

Објавена во: Stars // Филм

Нејзиниот приватен живот е многу интересен...

Преубавата Јана Милосављевиќ го воодушеви Балканот со улогата на малата Зоне Замфирова, а деталите од нејзината интересна приказна не се многу познати на јавноста.


Актерката Јана, која денес има 31 година, пред скоро 20 години ја воодушеви публиката кога во хит - филмот „Зона Замфирова“ ја одигра улогата на малата Зоне. Уште тогаш се насетуваше дека глумата ќе биде нејзин пат во животот, а токму низ него ја најде и љубовта на животот, пишува „Glossy“.

Преубавата Јана се омажи за 23 години постариот колега, актер, режисер и сценарист Филип Гајиќ.

Тие во 2017 година го добија синот Јоаким, а интересно е што неколку месеци не можеле да се договорат околу името кое ќе му го дадат.

„Имавме маки, никако не можевме да се договориме. Еден месец по раѓањето, детето немаше име, секој го нарекуваше како што сака, го немаше ни кога тргнавме да го пријавиме. Пред вратата на општината Ѕвездара, се одлучивме за она кое го одбраа децата на Филип. Иако и понатаму секој го нарекува како сака“ - раскажа Јана своевремено за „Глорија“.

Додека Филип има три деца од претходните бракови, Јоаким е прво дете на Јана. Инаку, таа е ќерка на музичарот Ненад Милосављевиќ, фронтменот на групата „Галија“.



Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: