Be x NOIRÉ кога модата раскажува локални македонски приказни

Be x NOIRÉ кога модата раскажува локални македонски приказни

Објавена во: Мода // Moj стил

Нова, возбудлива соработка на“Be.” и тимот на NOIRÉ. Сара Дамчевска како дел од овој тим се појавува како дизајнер на визуелните елементи пресликани од делата на Башески на палтата и капутите на “Be.”

Тимовите на “Be.” x NOIRÉ го претвораат локалното уметничко наследство во нослива уметност. Овојпат, во фокусот се автентичните дела на македонскиот вајар Жарко Башески, кои преку уникатни принтови и дизајни добиваат нов живот на капути и мантили.


“Голема чест ни е што креациите на “Be.” го привлекоа вниманието на тимот на NOIRÉ, а делата на Башески совршено се вклопија во нашата визија за брендот. Соработката го слави спојот на модата и уметноста, притоа зачувувајќи ја суштината на локалната култура. Секој примерок е приказна – внимателно создадена и раскажана низ визуелни елементи кои ја истакнуваат индивидуалноста и автентичноста.” – изјави Билјана Силјановска, еден од основачите и моден дизајнер на “Be.”.


„Локализирана игра на уметност и мода“ – тоа е она што “Be.” x NOIRÉ го носат на модната сцена, укажувајќи дека стилот е повеќе од тренд – тој е израз на културен идентитет.


Заследете:

@be.official.page

@wearnoir.e



*Пр објава

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: