Бела Хадид покажа како да добиете одлична пунџа во неколку чекори: Не ви се потребни чешел, ластик за коса или шноли

Бела Хадид покажа како да добиете одлична пунџа во неколку чекори: Не ви се потребни чешел, ластик за коса или шноли

Објавена во: После „Школо“ // DIY

Девојките едноставно се воодушевени од оваа техника за која не ви се потребни никакви помагала...

Бела Хадид ја покажа својата најнова руса нијанса во видео на ТикТок и ни изгледа дека никогаш порано немала волку светла коса.

Манекенката на оваа драстична промена се одлучи на крајот на 2022 година и ги воодушеви сите со своите златни локни, кои, ни се чини, сега се уште посветли. Но, освен што воодушеви со русата боја на коса, Бела помеѓу обожавателите привлече внимание со уште нешто друго.

Додека песната „Affirmations“ од Снуп Дог свири во позадина, Бела, во неколку потези си прави пунџа. Она што е познато како „неуредна пунџа“, за која многу девојки се сложија дека е всушност комплицирана, Бела ја прави во неколку чекори, без никакви помагала, како на пример чешел, ластик за коса или шноли.

@babybella777

Unc Snoops Affirmations - StrawHatEle

Видеото има скоро 7 милион ипрегледи и корисниците на ТикТок се и повеќе од воодушевени од вештината и начинот на правење на пунџа. 

„Добро, само госпоѓица Бела може да ја врзе косата со сопствената коса“ - гласеше еден од илјадниците коментари.

Би било добро Бела да направи туторијал на ТикТок, како во забавена снимка ќе ги покаже чекорите. Веруваме дека многумина од нас би сакале иста пунџа, без сите тие реквизити и помагала, а на крајот да изгледа толку добро.

фото: Принтскрин / ТикТок

Објавена во: После „Школо“ // DIY

Можеби ќе ве интересира: