Беше буцкаста и глумеше во мјузикл: Необјавени фотографии од Меган Маркл

Беше буцкаста и глумеше во мјузикл: Необјавени фотографии од Меган Маркл

Објавена во: Мода // Moj стил

Актерката Кетрин Мекфи сподели до сега необјавена фотографија од својата некогашна колешка, сегашната англиска принцеза Меган Маркл. 

Кетрин, која ѝ е пријателка од детството на Меган, на сликата на Инстаграм се пофали со периодот кога двете заедно глумеле во театарски мјузикл.

Меган (лево) и Кетрин на почетокот од 2000 година кога заедно глумеле во мјузикл 

„Меган и јас глумевме во мјузикл како девојчиња. Таа порасна и стана војвотката од Сасекс, а јас пораснав за да станaм ѕвезда на театарот „Вест енд“. Ако мене ме прашате, ние водиме ист живот“, напиша актерката под фотографијата од Меган која настана на почетокот од 2000 година. 

Актерката Кетрин Мекфи денес живее во Лондон

Кетрин не открила за кој мјузикл станува збор, ниту деталите нејзиниот однос со Меган денес. Познато е само дека и двете пораснале во Лос Анџелес и дека Меган е три години постара. И двете во моментов живеат во Лондон, а Кетрин и денес се занимава со глума. 


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: