Беше со Зак Ефрон и Остин Батлер: Ванеса Хаџенс сега е свршена за своето ново момче

Беше со Зак Ефрон и Остин Батлер: Ванеса Хаџенс сега е свршена за своето ново момче

Објавена во: Stars // Филм

Таа се пофали со дијамантскиот прстен што го доби

Ванеса Хаџен и Зак Ефрон на почетокот на кариерата беа холивудски трендовски пар, а до пред неколку години беше во врска со „Елвис“. Многумина не ни знаеја дека Ванеса е во нова врска веќе две години.


Ванеса Хаџенс некому е позната по нејзината улога во „Хајскул мјузикл“, а на други по бројните улоги во божиќните романтични комедии на Нетфликс. Кога таа е во божиќен филм, знаете дека ќе гледате слатка романтична приказна што вреди да се гледа. Ванеса беше во врска со Зак Ефрон уште како млада ѕвезда, а подоцна и со друг актер, Остин Батлер.

После тоа како љубовта да ѝ падна во втор план. Се зборуваше само за нејзиното раскинување со Остин, но не толку за новата врска. Имано таа не го криеше своето момче, само што не правеа никаква драма па не се во центарот на вниманието. Но испадна дека Ванеса е во среќна врска во последните две години!


Нејзиниот избраник е Кол Такер, спортист, професионален бејзбол играч. И сега се вериле! Ванеса ја сподели радосната вест на својот Инстаграм и го покажа прекрасниот дијамантски прстен што го доби.

Кол е дури 8 години помлад од неа, но на парот тоа апсолутно ништо не му значи и се многу среќни заедно.

Извор: teen385.dnevnik.hr

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: