Беше татко на 4 ќерки: Која го наследи талентот на Коби Брајант?
Легендарниот НБА играч Коби Брајант почина во несреќа со хеликоптер во Калифорнија, објавуваат светските медиуми.
Тој имаше 41 година. Брајант цели две децении играше за Лос Анџелес Лејкерс, освојувајќи пет првенства и 18 ол-стар пред да се повлече после сезоната во 2016-та година. Познат беше што секогаш и секаде патуваше со хеликоптер.
Коби, освен што е еден од најдобрите кошаркари, беше сопруг на Ванеса Брајант и татко на четири девојчиња – Наталија, Џиана, Бјанка и Капри. Најмалата ќерка, Капри во семејството на кошаркарот дојде во јуни минатата година, а најголемата, Наталија на една недела пред неговата смрт наполни 17 години.
Џиана, една од средните наследнички на кошаркарот или попозната како „Џиџи“, минатата година го покажа својот атлетски талент кој го има наследено од нејзиниот татко. Таа на 13 години покажа на терен некои од финтите кои и ги има покажа славниот Коби.
Моментално се шпекулира, дека во хеликоптерот била и Џиџи, но се уште нема сигурни информации.