„Бев дебела“: Едита објави фотка од полуматура и откри од кој позајмила фустан
Пејачката Едита Арадиновиќ на својот Инстаграм профил објави фотка од полуматура и покажа како изгледала во тие години...
Пејачката Едита Арадиновиќ никогаш не криела дека на себе корегирала некои работи од кои била незадоволна, како што се носот и усните. Секогаш отворено зборувала за тие проблеми, а често се шегува и на своја сметка.
Овој пат, на стори на Инстаграм објави фотка од полуматура на која е придружувана од двајца другари, а на обожавателите им откри каква модна комбинација носела за таа прилика. Пејачката била во црн фустан, кој не бил нејзин.
„Носам фустан кој ми го позајми сестра ми, а и таа го носеше за матура“ - напиша пејачката и додаде:
„Тогаш првпат ме шминкаше професионалец. И да, бев дебела!“ - додаде таа.