Бев многу исплашена, но тоа брзо помина: Кога првпат добив менструација со Милена!
Менструацијата како табу тема, полека заминува во заборавот. За своето менструално искуство проговори и водителката Милена Антовска. Таа го сподели своето менструално искуство, но и даде неколку совети.
# Кога прв пат доби менструација?
Прв пат добив менструација на 14 години. На крајот на 8-мо одд.
# Како го доживеа моментот на првото добивање, на кого прво му се обрати, што ти се смени по тој момент...
Сe сеќавам дека одма ја викнав мајка ми и таа ме гушна и ми објасни што значи тоа и одговори на сите мои прашања. Бев малку исплашена нормално, но тоа чувство брзо помина. Од тој ден веќе влегов во светот на жените.
# Од кого добиваше најмногу совети за менструацијата?
Совети најмногу добивав од мајка ми, веројатно тоа е нормално... Понатаму разговарав и со некои мои другарки.
# Што е важно да знаат младите девојки за менструацијата, твои трик совети како се соочуваш со ПМС?
Што се однесува до ПМС за оваа тeма навистина многу сум читaла, за среќа кај мене симптомите не се многу изразени. За среќа можам да кажам дека добро поминувам. Бидејќи има навистина многу фактори за оваа состојба кои прават штета и на физичкото и на емоционалното здравје, на сите би им препорачала да внимаваат на стресот, и храната и пијалаците кои ги внесуваат. Од огромно значење е сето ова, па затоа девојки мислете на време за да имате безболна менструација.